Јелена Ѓоковиќ не може да закрепне од коронавирусот, Новак загрижен

Иако Новак и Јелена Ѓоковиќ прележаа коронавирус и нивниот ПЦР-тест е негативен, сепак популарниот тенисер е загрижен за својата сопруга, пишува „Скандал“.
Како што дознава „Скандал“, Јелена е се’ уште истоштена, а имунитетот никако да ѝ зајакне, па Новак инсистира да преземе нешто.
Јелена е многу слаба, всушност, таква беше и пред короната затоа што јаде само овошје и зеленчук и е на специјална исхрана. Не јаде месо и многу внимава што внесува во организмот, но Ноле смета дека сега би требало да внимава уште повеќе затоа што е познато дека и по прележувањето, последиците од короната остануваат во организмот и до една година и имунитетот слабее.


-Затоа сега работат на зајакнување на нејзиниот имунитет за да ѝ се подобри здравствената состојба. Најмногу се исплаши кога виде дека се тетерави кога ја носи ќеркичката, дека воопшто нема сила, па ја замоли да не си игра со здравјето. Ѝ предложи првенствено да одмора, а тој ќе ја замени во се’ што е потребно за семејството, но Јелена тврди дека за две недели ќе биде како нова. Со други зборови, сигурна е дека станува збор за несериозни последици од короната и за малку полош имунитет и смета дека се’ ќе помине бидејќи живее здраво и нема од што да се плаши, завршува изворот за „Скандал“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.