Јелена Ѓоковиќ се соочи со цензура на социјалната мрежа Инстаграм.
Избришан ѝ е постот во кој објавила видео од американски лекар кој го припишува ширењето на корона вирусот на експанзијата на 5Г мрежата.
„Толку многу видеа кружат со денови, различни теории за причините за корона вирусот, методите на лекување, превенција … еве едно што го добив пред некој ден. Кој има време нека погледне. Многу ме интересира што мислите. Пишете“, напишала Јелена.
Инстаграм преку постот ставил предупредување „Лажни вести“.