Јована Јеремиќ поднесе тужба против пејачката која ја обвини дека носи фејк Ролекс! Водителката не остана должна: Доби две тужби! (фото)

Водителката Јована Јеремиќ зборуваше за медиумите и откри дека поднела две тужби против пејачката Весна Ривас.Јована неодамна добила часовник „ролекс“ од својата пријателка, а како што пренесуваат локалните медиуми, Весна тврдела дека се работи за лажен часовник.Сепак, водителката не останала должна, па веднаш поднела две тужби против пејачката.– На Весна Ривас и’ ја посакувам сета среќа и да најде мир. Името и презимето нема јавно да го објавувам, а денеска доби две тужби, покрај претходните, своите тврдења ќе ги докажува на суд доколку мисли дека е во право – изјави Јована за Блиц.Да потсетиме, ова не им е прв конфликт, пред неколку месеци Весна упати остри коментари за Јована Јеремиќ.Весна, која се занимава со астрологија и нумерологија, ја коментираше водителката Јована Јеремиќ и нејзината врска со бизнисменот Драган, кој е 14 години постар од неа и шокираше со својата изјава.Весна ја нарече Јована „арогантна“ личност која се прави „циркуска уметница“.-Требаше малку да ја испушти топката минатата година. Додека ме слушаше изминативе 3-4 години, се изгради и навистина постигна нешто и направи кариера. Па, тогаш водата ми влегува во уши, а она што најмногу мразам на свет се арогантни луѓе, полни со себе, препотентни, а притоа немаат што да покажат. Некој ја убедил дека треба да се прави циркузант. Некој ја убедил дека колку полудо толку подобро, но тоа помина – изјавила пејачката.Весна го коментираше и момчето на Јована Драган и тврди дека „нема ништо од нивната љубов“.– Таа е во балон на егото. Јас и јас! Таа не може ни момче да задржи со тоа јас и јас, со тој меур од его, затоа што тој е во друг меур, а таа во меур од его. А потоа повремено се спушта, малку го допира тоа момче и пак заминува. Нема ништо од љубов тука – истакна таа во „Диван шоу“ со Иван Гајиќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: