Јован Деспотовски: Со сопствен пример ќе докажам дека сите не се исти

Поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, вели дека ги почитува институциите и има доверба во системот, верувајќи дека ќе се докаже неговата невиност во предистражната постапка која се води против него, за наводни неправилности во тендерското работење.

– Тоа што можам да го кажам е дека има постапки за одредени аспекти од работењето во иснституциите во коишто сум раководел, а ја сум целосно ставен на располагање, подготвен сум да говорам за сите нејаснотии не само пред институциите, туку и пред јавноста. Ние сме работеле со јавни пари и затоа сите имаат право да поставуваат прашања, како што и јас и моите колеги кои се носители на јавни функции или биле во минатото, имаат право да одговараат – вели Деспотовски во неговото гостување на утринската програма на Слободен печат.

Тој вели дека сака со сопствениот пример да покаже дека треба да се верба во институциите и де са верува во нивниот капацитет и токму затоа тој не сакал да се жали на барањето од Обвинителството за одземањето на патната исправа.

– И јас живеам, како и вие, како и граѓаните, во одредена реалност. Реалноста во изминативе неколку месеци даде неколку лоши примери со поранешни носители на јавни функции, кои се решија да не се соочат со одговори што од нив ги бара јавноста или институциите. Јас сакам со мојот пример да покажам дека не сме сите исти. И на предлогот што го даде обвинителот јас немав никава жалба и рокот што ми беше оставен да се жалам решив да не го искористам. Ја прифатив мерката на предострожност и повторно ќе повторам за да покажам дека сите не сме исти, бидејќи верувам во професионалноста на институциите. И верувам дека сите аргументи ќе бидат земени в предвид и дека со ова ќе ја вратиме довербата во ноцителите на јавни функции – додаде тој, свесен дека недостапноста за правадата на повеќе носители на јавни функции, влијаело тој да биде ставен под посебни мерки од судот.

– Сите живееме во исто општество и апсолутно се согласувам дека тоа влијаело и свесен сум за загриженоста кај јавноста и институциите – вели поранешниот директор на ТИРЗ.

Тој не знае како ќе се одвива постапката и дали ќе биде поднесено обвинение против него, но сигурен е во својата невиност. Што се одесува до јавно објавените обвиненија за наводна тендерска нерегуларност во ТИРЗ, тој вели дека на секој тендер се појавувале најмалку двајца понудувачи. Деспотовски вели дека е невистинито дека тој ја протежирал компанијата Зобек мининг, за која пред неколку месеци од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше обелоденото дека добила пет тендери во ТИРЗ.

– Посочената фирма никогаш не добила пет тендери, но ќе кажам дека не е проблем ако една компанија повеќе пати го добие тендерот, доколку во законска постапка понуди најдобри цени, а претходно целата работа ја заврши професионално и во договорен рок – вели Деспотовоски.

Тој посочи и дека никогаш не се откажал од амбицијата да стане лидер на СДСМ и дека повторно би се кандидирал но во променети услови на политичка борба, кои ќе гарантираат фер изборен процес во партијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: