Јовица Страшевски отворено до Мицковски – дали со Заев се договорени „независните“ кандидати?
Соопштение за јавноста 21.09.2021
Повод и мотив за ова мое соопштение до јавноста е вчерашниот ТВ дуел во емисијата Само Вистина на Канал 5, во која гости беа другарчињата Мицкоски и Заев.
Заев, шефот на Мицкоски, во емисијата кажа дека штабовите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се во координација поради агендите и поради се, а сето тоа да го знае јавноста, на која изјава Мицкоски беше само нем глув послушник.
МИЦКОСКИ ДА НЕ БЕГА ОД ОДГОВОРНОСТ И ВИСТИНАТА! ВЕДНАШ ИТНО ДА ДАДЕ ОДГОВОРИ НА НЕКОЛКУ ПРАШАЊА БИДЕЈЌИ ИМА МОРАЛНА ОБВРСКА ПРЕД ЈАВНОСТА, ЧЛЕНСТВОТО КАКО И ПРЕД СИМПАТИЗЕРИТЕ И ПОДРЖУВАЧИТЕ НА ВМРО ДПМНЕ.
МИЦКОСКИ ДА ДАДЕ ОДГОВОР НА СЛЕДНИВЕ ПРАШАЊА:
Во каква кординација се штабовите на СДСМ И ВМРО ДПМНЕ?
Кои заеднички агенди ги имаат штабовите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ?
Што се друго договараат?
Дали Заев шефот на Мицкоски, преку кординации на партиските штабови ги договорил “независните кандидати” за градоначалници на ВМРО ДПМНЕ, како и многуте кандидати поставени на добитни места на листите на ВМРО ДПМНЕ, кои се ставени на листите а никогаш и не биле ВМРО ДПМНЕ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.