Јокиќ жестоко ги искара соиграчите, па одржа „час по кошарка“ против Детроит

Кошаркарите на Денвер нагетс ја декласираа екипата на Детроит пистонс (134-121), а уште еднаш главна ѕвезда на натпреварот беше Никола Јокиќ.

Неговата критика по неодамнешниот пораз од Кливленд (135-149) очигледно вроди со плод, бидејќи „нагетси“ го завршија натпреварот навреме, обезбедувајќи доминантна победа. Јокиќ беше лидер на тимот, овојпат со импресивни 37 поени (7/12 за два, 4/5 за три и 11/14 од слободни фрлања), девет скока и осум асистенции. Силна поддршка доби од Џамал Мареј, кој постигна 34 поени, Мајкл Портер Џуниор со 26, додека Расел Вестбрук заврши со 8 поени.

Натпреварот започна со проблеми во одбраната на Денвер, дозволувајќи неизвесна игра во првата четвртина. Детроит, предводен од Кејд Канингем и Џејден Ајви со по 17 поени, поведе во втората четвртина со 54-49. Сепак, во самиот финиш на полувремето, тимот од Колорадо направија серија од 13-3 и заминаа на пауза со предност од 67-58. Србинот веќе на полувреме имаше 19 поени, 3 скока и 4 асистенции, додека Портер Џуниор и Мареј придонесоа со 14, односно 11 поени. Денвер го отвори второто полувреме одлично, контролирајќи ја играта и зголемувајќи ја предноста. Третата четвртина заврши со убедливи 114-89, поставувајќи ги основите за конечниот триумф. Иако Детроит успеа да направи серија од 11-0 во последната четвртина и ја намали разликата на едноцифрена, тренерот Мајк Мелоун повторно ги врати стартерите за да ја осигура победата.

РЕЗУЛТАТИ: Атланта – Мајами 120-110, Шарлот – Оклахома 94-106, Вашингтон – Њујорк 132-136 (п), Чикаго – Милвоки 116-111, Голден Стејт – Феникс 109-105, Денвер – Детроит 134-121, Јута – Филаделфија 111-114, Портланд – Далас 126-122, ЛА Лејкерс – Сакраменто 132-122.

Пронајдете не на следниве мрежи: