Јоханес Хан на 25 јули доаѓа во Скопје

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан на 25 јули ќе допатува во Скопје и ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, претседателот Стево Пендаровски и лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потврдија од Европската Комисија за МИА.
Агендата на посетата сѐ уште не е позната, но засега потврдени се овие три средби на кои ќе се разговара за реформите поврзани со ЕУ и ЕУ перспективата на земјата, велат од ЕК.
Хан од Скопје истиот ден ќе замине за Белград каде треба да се сретне со српскиот претседател и премиер. На агендата во Србија се ЕУ реформите и регионалните прашања, соопштија од Европската Комисија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.