вторник, 24 ноември 2026
Најново

Јоце Панов освои Бронзена сирена на Сунчане Скале 2013

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонскиот пејач Јоце Панов ја доби третата награда на 19-то издание на реномираниот фестивал „Сунчане скале 2013“, кој се одржа викендов во Херцег Нови, Црна Гора.
На големата фестивалска сцена, Јоце настапот го започна свирејќи на клавијатура. За неговиот стајлинг се погрижи Сретен Костиќ, а преубавата балерина која танцуваше со него, носеше креација на Елена Лука.
Кемал Монтено и “Тешка индустрија” со песната Мајска киша беа првопласирани, додека пак Данијел Павловиќ од Србија, со песната Три дана се најде на втората позиција.
Од Македонија во жирито беше Маја Поцевска, а Јован Јованов се вклучи телефонски. Покрај нашите претставници во жирито, Јоце доби 12-ки и од другите членови. Песната Боли ме твој додир наскоро ќе биде пуштена во етерот со нов видео запис.
 Македонскиот пејач Јоце Панов ја доби третата награда на 19-то издание на реномираниот фест

Поврзани вести