Јоци: Пандов ја зецементира промената на името во Северна изјавувајќи дека тоа е готова работа

Во свој статус на Фејсбук Јоци објави видео на Пандов во кое тој најави дека преименувањето на државата во Северна е готова работа.

Мицковски го избрал Александар Пандов за некаков си претседател на некаков си Патриотски институт. Претпоставувам нивното вмровско членство сега чувствува уште поголема горчина одошто на 16 јули.

https://www.facebook.com/joci.jocik/videos/10223223048584455

Претпоставувам станува збор за истиот ,,патриотски институт” викан Пандов кој на 28 јануари годинава на К5 изјави дека нема политичар, кој, ако дојде на власт ќе го смени #Преспански, макар и имал 3/3 во Собрание, односно ќе се залага да го врати името ,,Македонија”, доколку сме во процес на влез во НАТО и ЕУ. Вмровското членство следниот ден го направи партал, со очи не сакаат да го видат оттогаш.

Па, ете, вмровци. Отприлика ова ви е тој ,,патриотски претседател”.
Можете слободно да земете книшки од СДСМ, исто ви се фаќа – вашиов патриот уште од јануари ви сугерира да ја соџвакате ,,Северна”.
Човеков ви вели нема никој од партијата да го враќа ,,името” додека сме во процес на полноправна членка на ЕУ. А, ние сме влезени во тој процес.
Во НАТО веќе влеговме по неговава изјава.

И, сега утре на протест со Мицкоски и Пандов ќе одите со транспаренти ,,Секогаш Северна” или како ќе правите?

Една врло веома патриотска за вмројни-застава филм во депресија….

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.