Јоци смета дека ќе ја апсат. Упати соопштение до јавноста

Подолу прочитајте го соопштението:

Јоци смета дека ќе ја апсат. Упати соопштение до јавноста

❗СООПШТЕНИЕ до јавноста, сите демократски партии кои работат за доброто на Северна Македонија, високите политички функционери, дипломатите во нашата земја, медиумите…

Почитувани,

Веќе два месеца трпам разни притисоци во форма на закани преку лажни профили кои се пријавени во МВР (закани за палење, молотови…), како и безочни лаги од медиуми и ликови, врзани финансиски и се исклучително блиски до градоначалникот на Карпош, #Стевчо Јакимовски (кој има кривична пријава) – каде имено тој и гостува со градоначалничката на Скопје, #Данела Арсовска (блиска до Никола Груевски), а чија истрага за закани и палење возило каде беше повикана на распит во јуни – 6 месеци МВР и Оливер Спасовски не ја завршиле!

Токму поради тоа, ве информирам за следново:

ℹ Пред неколку дена добив дојава од ,,свиркач” за мое наводно апсење⁉️ Можеби е ,,погрешно инфо” кое некој сакал да стаса до мене, со цел внесување на страв, но јас сепак сакам јавноста да знае како превентива, бидејќи доаѓа по заканите во низа од лажните профили (кои МВР не ги спречи) и куп јавни непоткрепени со ништо шиканирања и оцрнувања во мое име!

Иако звучи невозможно мене некој да ме апси, не би ги занемарувала мрачните умови во нашата земја да ме шиканираат јавно, а кои лани ми праќаа суптилни закани (за нив подоле во соопштението).
ℹ Јас имам само една казна за погрешно паркирање во изминати 10 години која ја платив, ниедна дисциплинска во 20 годишна кариера и четири високи новинарски награди, како и соработка на разни нивоа со странци.
Проверена личност сум дека не сум никаков субверзивен елемент!

Немам ниедна тужба за ништо, наназад 15 години околу моите пишувања!

Во моментов и години наназад сум една од највлијателните коментатори во земјата, кои креираат јавно мислење, а тоа пречи на секој со мрачен, криминален ум!
Јас сум прозападно ориентирана личност, која беше гласно за НАТО, а сега и за ЕУ, иако Бугарија ја постави високо лествичката на барања, па ќе мора да се туркаме ,,со раце” и на маса, со дипломатски речник.

Но, има мрачни сили кои би сакале Бугарија да го врати ветото и така некако да ја втурнат земјава во хаос и да ја дестабилизираат!

❗1. Сериозноста на нападите кон мене е подигната на високо ниво. За мојата безбедност, во овие два месеца, мора да се грижи цела екипа телохранители, токму поради сè од погоренаведеното.

2. Причината за притисоците и тортурата претпоставувам се моите објави каде ја разобличувам целата валкана агенда, тендери и луѓе кои се врзани токму со наведените лица, во минатото фигури под капата на осудениот бегалец и монструм, Никола Груевски. (а, неофицијално и сè уште се на линија со него).

3. Од една личност, една #Фросина, врзана со ликови во безбедносниот сектор, лани добив суптилна закана дека ,,може да ти намести некој, нешто во колата или да ти стави некаде твој отпечаток”.

Поради сè ова, алармирани се многу политички партии, дипломати и дел од безбедносниот сектор. И имам целосна поддршка да продолжам со мојата мисија и дека цврсто ќе застанат зад мене! А, тоа ќе биде ,,спектакл” кој оваа земја не смее сега да си го дозволи!

Доколку продолжат заканите, тортурата, а особено ако некој навистина планирал мрачно сценарио за мене – во тој случај е исто како да планира ДРЖАВЕН УДАР, затоа што ќе има масовни протести во моја одбрана и високи тонови од дипломати!
Алармирани се и сите медиуми кои не ги плаќаат наведените лица.
Сите се на готовс!

Има уште 2 милиони луѓе во оваа земја кои треба да се хранат, наспроти стомаците на криминалците кои сакаат анархија, со цел да се спасат или да избегнат затвори!

Ви благодарам!

👊👊👊Да живее Северна Македонија, членка на НАТО и земјата која е на чекор за преговори со ЕУ! 🇲🇰 🇪🇺

#NO #PASSARAN
#CIAO #BELLA

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.