Фактот што денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева влезе на распит за истрагата за “Рекет“, заедно со адвокат, го проблематизираат голем број на адвокати, кои повикувајќи се на својата пракса, велат дека досега не им било дозволено на сведоците да бидат испрашувани во присуство на бранител. Ова го вели адвокатката Сузана Јошевска според која проблемот е што адвокатот го брани Цветан Панделевски кој е осомничен во случајот на СЈО “Империја“.
-Прво, проблематично е што е воопшто со адвокат, ама тоа е помалиот проблем. Поголемиот проблем е што е со адвокат кој е бранител на еден од обвинетите во предмет кој таа го гони. Согласно законската дефиниција, под судир на интереси се подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасното вршење на неговите јавни овластувања или службени должности. Зошто ова ни се случува?!, вели адвокатката Јошевска за “Фокус“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.