ЈП за државни патишта за кренатите рампи на патарина Гостивар: Имаше дефект, решен е за неполн час!

Од Јавното претпријатие за државни патишта попладнево за ТВ21 истакнаа дека од период од 19 часот и 56 минути на НС Гостивар откажа AES склопката која врши поврзување на напојување од мрежа со батериско напојување преку УПС.

Како што велат, дефектот е решен за неполн час.

„Почитувани во период од 19 часот и 56 минути на НС Гостивар откажа AES склопката која врши поврзување на напојување од мрежа со батериско напојување преку УПС поради дефект на електричната инсталација. Проблемот е решен за неполн час и во текот на утрешниот ден ќе се проверува инсталацијата. Воедно во периодот од моментот на прекин на ел.енергија рампите остануваат во иста положба и се преминува на наплата со Интервентни карти рачно од страна на вработените оператори Во меѓувреме е испратена мобилна контрола за надгледување на процесот на наплата до отстранување на дефектот. Времетраењето на прекинот е околу 1 час и се е нормализирано“, велат од ЈПДП за ТВ21

Тие додаваат дека прекинот на наплата бил околу 5 минути додека се поделат интервентните карти.

Пронајдете не на следниве мрежи: