ЈП „Комунална хигиена“ му даде отказ на вработениот кој фрлаше отпад во Вардар

Откако на неколку портали и на социјалните мрежи беше објавен видео-материјалот каде што е прикажан вработен во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје како собраниот отпад го фрла во реката Вардар, раководството на претпријатието ја информираше јавноста дека се преземени сите мерки за расчистување на овој случај, односно дека лицето доби отказ.
– Станува збор за работник ангажиран во Одделението за одржување на јавната чистота, којшто сторил тежок дисциплински прекршок, притоа сериозно нарушувајќи го угледот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.
Од овие причини беше донесена одлука денеска – 10.06.2019г., ова лице да биде отстрането од работното место.
ЈП „Комунална хигиена“-Скопје перманентно работи на подигнување на нивото на хигиената и чистотата во градот Скопје, притоа бележејќи драстично процентуално зголемување на количествата на отстранетиот отпад од диви депонии, како и отпадот што се собира од домаќинствата и правните субјекти, во споредба со изминатите години.
Во овој контекст, би сакале да ве известиме дека ниту едно прекршување на работната етика и дисциплина, ниту пак обид за уривање на угледот на Претпријатието нема да бидат толерирани и против сторителите ќе бидат преземени најстроги казнени мерки, наведено е во соопштението на „Комунална Хигиена“.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.