Викендов на Шара, по јубилеен 40-ти пат ќе се одржи традиционалната скијачка манифестација Шарпланински куп.
На прес конференцијата, во четвртокот, организаторите соопштија дека на Шарпланинскиот куп ќе учествуваат 50 скијачи од 16 држави. „Патеките се одлично подготвени, патеките се на врвно ниво. На Купот ќе учествуваат квалитетни скијачи, а новина е што за прв пат ќе се појават скијачи од Русија, Украина, Унгарија, Грузија, Турција и Данска“, рече Димитар Танурков, претседателот на Организациониот одбор на Шарпланинскиот куп. Миха Кирнер со 8,28 ФИС бодови, според рејтингот, е најквалитетниот скијач кој ќе настапи на Шарпланинскиот куп, на Шара ќе се појави и Светскиот првак во слалом, во младинска конкуренција од 2007 година Матиц Кубе. Македонија на Купот ќе биде претставена со шестмина скијачи: Антонио Ристевски, Дардан Дехари, Марјан Нашоку, Бесар Иљези, Мериотн Емини и Гентиан Куртеши.„Никогаш досега на Шарпланинскиот куп немало ваков квалитет. Оваа година и господ е со нас, условите се феноменални, уште само времето да биде добро, но на тоа ние не можеме да влијаеме“, рече директорот на натпреварите прославениот скијачки ас, Бојан Крижај. Свеченото отварање на Шарпланинскиот куп е во петок, во сабота ќе се вози трката во велеслалом , првата трка е закажана за во 10 часот, а втората трка ќе стартува во 13 часот, во недела ќе се вози трката во слалом, првата трка е во 9 часот, а втората ќе стартува во 12 часот. Наградниот фонд, за секоја трка одделно изнесува 3.000 евра за прво место, 2.000 евра за второ и 1.000 евра за трето место. Севкупниот победник на Купот како награда ќе добие и кученце Шарпланинец.
Макфакс
Викендов на Шара, по јубилеен 4