Јувентус во последните 50 години отпушти само тројца тренери во текот на сезоната


Италијанскиот стручњак Масимилијано Алегри е само третиот тренер кој добил отказ од Јувентус во текот на сезоната во последните 50 години, пренесуваат италијанските медиуми.

Јувентус го отпушти Алегри во петокот, само два дена по освојувањето на Купот на Италија. Во официјалното соопштение, „Старата дама“ од Торино како причина за одлуката го наведе „непримерното однесување“ на 56-годишниот тренер за време и по финалниот натпревар против Аталанта.

Алегри беше суспендиран на два натпревара од страна на дисциплинскиот суд во Серија А поради неговото однесување во текот на финалето одиграно на „Олимпискиот стадион“ во Рим, во кое Јувентус победи со 1:0, а беше казнет и со 5.000 евра.

И покрај тоа што Јувентус го прекина тригодишниот пост без трофеј и го освои Купот на Италија по рекорден 15-ти пат, водството на клубот од Торино реши да му врачи оставка на Алегри, бидејќи неговото однесување „не беше во склад со вредностите што ги зстапува Јувентус“.

Алегри на тој начин стана само третиот тренер кој доби отказ од Јувентус пред крајот на сезоната во последните половина век.

Истата судбина ја доживеа и Клаудио Раниери, кој беше отпуштен во мај 2009 година, на две кола пред крајот на сезоната, поради лошите резултати. Него го наследи Чиро Ферара, но и тој доби отказ пред крајот на сезоната. Беше сменет во јануари 2010 година.

Интересно, последен пат Алегри доби отказ од торинската „Старата дама“, исто така, на 17-ти мај 2019 година.

Се врати во клубот летото 2021 година и во вкупно осум сезони освои пет титули во Серија А, пет изданија на Купот на Италија и два трофеа во Суперкупот на Италија.

Пронајдете не на следниве мрежи: