Властите во Јужна Африка запленија повеќе стотици лажни вакцини против Ковид-19, по глобалното предупредување од Интерпол дека вакцините станаа примарна мета на криминалните организации.
Во магацин во Гермистон, во близина на Јоханесбург пронајдени се 400 ампули со лажни вакцини, а полицијата упаси тројца државјани на Кина и еден на Зимбабве.
Претходно, кинеската полиција идентификува криминална мрежа која продавала лажни вакцини, упадна во погонот за пакување и уапси 80 осомничени и заплени над 3.000 дози лажни вакцини. Во истрагата учествуваше одделение на Интерпол за недозволени производи и глобално здравје.