Неверојатна сцена се одиграла во Јужна Осетија во Грузија кога возач на автомобил јурел со 210 километри на час низ населено место. Од големата брзина автомобилот буквално полетал во воздух и завршил на покрив на куќа, притоа оштетувајќи ги паркираните возила, како што се глада на снимката која ја испратиле мештани.
Тие им кажале на медиумите дека полициските камери забележале брзина од 211 км на час, непосредно пред “полетувањето“ на автомобилот. Возачот за среќа преживеал, но тешко повреден се наоѓа во болница.