вторник, 24 ноември 2026
Најново

„Јутјуб“ брише профили со песни означени како „македонски” (macedonian)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Најпопуларниот видео сервис на Интернет започна да брише профили кои објавуваат песни во коишто во насловот или во таговите го има зборот македонски или macedonian. Според „Јутјуб“ причина за бришењето на прифили кои објавуваат македонските песни е пријава за авторски права од голем број корисници на видеосервисот.
Предходно грчката дијаспора најави дека согласно Преспанскиот договор ќе бара од сите сервис провајдери на Интернет да ги брише материјалите во кои корисници од земјава го користат зборот „македонски“.
Некои од песните како „Бисер балкански“ имаат по десетина милиони прегледи, а авторите се починати што укажува на можност дека не се работи за класичен авторски спор туку за политичка акција врз база на Преспанскиот договор.

Поврзани вести