Јутјуб воведува нови правила, популарните јутубери збеснаа!

Некои од најпопуларните јутубери негодуваат против компанијата, откако им било кажано дека поради новите правила, нивните канали ќе останат без верификација.
Јутјуб објави дека ќе ги заостри своите барања за верификација, што станаа симбол за статусот меѓу креаторите на содржини на оваа платформа.
Компанијата е заинтересирана да ја „намали забуната за тоа што навистина значи верификацијата“.
Во моментов, секој канал со повеќе од 100,000 следбеници може да добие препознатлив сив белег веднаш до името.


Според новите правила, Јутјуб ќе ги фаворизира „истакнатите канали кои имаат јасна потреба да ја докажат автентичноста“, а особено оние кои припаѓаат на „високо барани“ инфлуенсери кои се надвор од платформата.
Штом излегоа на виделина вестите за новите правила, бројни јутубери дистрибуираа слики од електронска пошта со која ги известуваат дека нивните канали повеќе не ги исполнуваат критериумите за верификација.
Многу од овие канали имаат и милиони следбеници.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.