ЈуТјуб го намали бројот на претплатници, ова се новите измени

ЈуТјуб почна со масовно бришење на „ботовите“, како и каналите кои содржат насилна содржина.
Голем број популарни корисници на ЈуТјуб забележале дека значително е намален бројот на претплатници на своите канали.


Најновите истражувања во САД покажуваат дека ЈуТјуб е видео сервис број еден, а единствена реална конкуренција му е Нетфликс.
Воедно, ЈуТјуб планира да започне со сопствена продукција на кратки вести, емисии и серии.
Во пресрет на изборите во САД, ЈуТјуб одлучи да формира посебен тим на администратори кои „рачно“ ќе ја проверуваат содржината, а се во насока на борбата против лажните вести.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.