Љубовен кинески хороскоп

Стаорец (родени во 1924, 1936,  1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)
Вие сте страсни, внимателни и отворено ги покажувате вашите чувства. На почетокот од врската сте секогаш полетни, но доколку осетите дека љубовта не ви е возвратена со иста мерка, станувате гневни. Вашиот кинески хороскоп укажува на вашата желба да бидете центар на светот за вашиот партнер, па ако се почувствувате занемарено, станувате ситничави до бесвест. Вам пред се ви е потребно да почувствувате сигурност за да станете внимателни. За тоа е потребно време, но кога ќе го пронајдете оној кој ви ја дава потребната сигурност и љубов, станувате посветен и верен партнер.

Бивол (родени во 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)
Нежни сте и отворени кога сте со вистинскиот партнер, а вашата поддршка дава цврста потпора на врската. Важно е да бидете внимателни кога е во прашање изборот на партнер, бидејќи сте многу осетливи и ризикувате да бидете повредени. Од партнерот очекувате да биде праведен, нежен и ентузијаста до одредена мерка – сакате да ви приближи некои нови интереси, но да не ја загрози вашата сигурност. Со негова поддршка, ќе заборавите на сите грижи и ќе уживате. Вашиот кинески хороскоп покажува дека сте толерантни кон саканата личност и дека не ви е тешко да простувате.

Тигар (родени во 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)
Вие сте со слободен авантуристички дух и сакате да одите од една врска во друга. Уживате во романтиката и возбудувањата кои ги носи секоја нова љубов, но веќе по првото чувство на заситеност, подготвени сте да ги раширите крилјата и да одлетате на некој друг цвет. Вашиот кинески хороскоп покажува дека ве привлекуваат личности кои што имаат независен авантуристички карактер, баш како и вие. На таквиот партнер искрено му ги покажувате своите чувства, но сепак сте непостојани и изневерувате. Затоа ви е потребен некој кој што е сталожен, прибран и кој што може да го разбере вашиот слободен дух.

Зајак (родени во 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)
Од партнерот барате нежност, доверба и сигурност. Верни сте и не сонувате за паралелни врски и љубовни пресврти. Но, доволно е само малку за да почнете да се сомневате во вашиот партнер, а кога тоа ќе се случи, искажете ги вашите сомнежи и ќе видите дека се неосновани. Кога ќе ја пронајдете вистинската личност, љубовта ќе ви биде возвратена со иста мерка, повеќе ќе простувате и ќе бидете помалку сомничави. Вашиот кинески хороскоп зборува дека ви треба повеќе време за да пронајдете сродна душа. Но, кога еднаш во тоа ќе успеете, ќе биде за цел живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.