Венера ќе биде во знакот до 4 ноември, ставајќи фокус на хармонични врски, дипломатија и социјални интеракции, нагласувајќи ја потребата од рамнотежа и хармонија во љубовта и сите форми на соработка.ОВЕНВе очекува страсен и динамичен период. Влегувањето на Венера во Вага ви носи ново познанство со личност ангажирана во јавни работи. Таа личност ќе биде привлечна и заводлива, па лесно можете да се заљубите. Страстите ќе бидат истакнати.БИКЌе бидете склони кон нежност и емотивни разговори. Вашиот партнер ќе ве поддржи, а заедничките планови можат да ве зближат. Слободните Бикови можат да се чувствуваат привлечени од личност од деловната или секојдневната средина.БЛИЗНАЦИОвој период ви носи можност за нова романса. Станува збор за личност што ќе ја запознаете на забава или на јавен собир. Вагите и Раковите ќе ви бидат привлечни, а некои Близнаци ќе бидат неодлучни помеѓу две лица.РАКЕмоциите ќе бидат зголемени и ќе имате потреба од сигурност. Вашиот партнер ќе ја забележи вашата чувствителност и ќе ви пружи поддршка. Венера во Вага ви носи повеќе романтични моменти во домот и семејството, бидејќи ќе уживате во интимната атмосфера.ЛАВЌе бидете полни со енергија и привлечност, па вашиот шарм ќе освојува каде и да се појавите. Можно е флертување преку пораки и повеќекратни договори за состаноци. Вагата може да ве шармира со убави зборови и отворен пристап кон емоциите.ДЕВИЦАЌе почувствувате потреба за стабилност во врските. Вашиот партнер ќе ја цени вашата грижа и организираност, но внимавајте да не бидете премногу критични. Слободните Девици можеби ќе имаат можност да запознаат личност која ја цени искреноста и едноставноста.ВАГАЉубовта доаѓа преку рамнотежа и споделени моменти. Венера влегува во вашиот знак, па вашата харизма и убавина доаѓаат до израз. Многу Ваги ќе се заљубат оваа есен како што не се заљубиле долго време, па ќе имаат моменти за паметење. Подгответе се за возбудливи средби.СКОРПИЈАВе очекува интензивен период полн со страст и подлабоки емоции. Вашиот партнер може да биде љубоморен, затоа обидете се да бидете јасни во вашите намери. Ако сте слободни, веројатно ќе имате тајна симпатија или ќе фантазирате за личност која ви е недостапна или несфатлива.СТРЕЛЕЦАвантура и нови искуства ќе ги одбележат наредните денови. Планетите во Шкорпија ви носат судбоносна средба. Ова е некој кој е емоционално затворен, но ќе бидете привлечени кон него бидејќи е мистериозна личност. Некои Стрелци лесно можат да се заљубат во пријател.ЈАРЕЦЌе ја доживеете љубовта сериозно и одговорно. Вашиот партнер ќе ја цени вашата стабилност, но бидете подготвени за малку спонтаност. Слободните Јарци може да пронајдат личност која размислува слично и ги дели нивните животни цели.ВОДОЛИЈАВенера во Вага е идеална за заедничко патување. Промената на околината ќе им биде од корист на Водолиите кои се во врска или брак . Ако сте слободни, можете да очекувате да запознаете личност која доаѓа од друг град. Плутон во вашиот знак носи кармички познанства.РИБАЌе се чувствувате чувствително и романтично. Комбинацијата на Јупитер во Рак и Марс во Шкорпија ви носи посебна моќ, па лесно ќе го освоите секој што ви се допаѓа. Слободните Риби можат да очекуваат да влезат во нова романса.
Пронајдете не на следниве мрежи:



