ОВЕН
Ноември ќе биде многу поволен за Овенот, особено кога станува збор за романтичните врски. Вашата комуникација ќе се подобри. Мора повеќе внимание да му посветувате на партнерот и постоечките рзлики меѓу вас бидејќи во ноември ќе имате одлична можност успешно да ги решите. Ве очекуваат важни промени, како што е одлука за свадба или заеднички живот. Осамените исто така ќе бидат среќни. Долго бевме сами, но тоа сега ќе се промени бидејќи ќе сретнете некој нов, интересен и одличен за сериозна врска. Не дозволувајте вашите симпатии да преминат во опсесија, бидејќи во спротивно сите планови за идеална љубов ќе исчезнат.
БИК
Ноември носи емотивни проблеми во животот на Бикот. Треба постојано да размислувате за тоа што правите и зборувате доколку не сакате да дојде до сериозни расправии и разнишување на односот со партнерот. Речиси се што ќе се случува во ноември ќе ве нервира, а секој изговорен збор ќе биде лично сфатен. Обидете се да ја задржите смиреноста и бидете трпеливи во комуникацијата со партнерот. Осамените Бикови и натаму се во потрага по вистинската личност. Не се откажувајте без борба, контролирајте ги чувствата и не се заљубувајте пребрзо. Овој месец ве очекува многу флерт и комуникација.
БЛИЗНАЦИ
Ноември малку ќе се промени во животот на Близнаците. Ви се доѓата партнерот, неговото внимание и љубезност, но постои и нешто што ве фрустрира. Факт е дека немате одреден стил на однесување затоа и понекогаш не покажувате почит кон личниот простор и време. Ако отворено кажете што ви пречи, врската ќе ви стане како од соништата. Генерално, во ноември се ќе биде во ред како за зафатените, така и за слободните Близнаци. Ве очекува добра комуникација, интересен флерт и откривање на нови еротски фантазии.
РАК
Ноември – интересе за Раковите. Ќе бидете исполнети со позитивна енергија која ќе влијае на вашиот романтичен живот и одлуките кои ги носите. Ако сега имате брза врска или запознавате некого со кој не сакате сериозна врска, прашајте се дали и партнерот го сака истото, за да го заштитите вашето срце. Позитивната енергија ќе ги зголеми вашите сексуални апетити. Ова е поволен период за сите кои имаат долга врска. Слободните Ракови ќе комуницираат повеќе и отворено ќе флертуваат без да доживеат силна емоција.
ЛАВ
Ве очекуваат мали проблеми во комуникацијата со партнерот. Тешко ќе ги разберете постапките на вашата сродна душа, што ќе ве доведе до кавги и несогласувања. Треба да имате трпение и разбирање, да ги смирите страстите и да не правите проблеми без причина. Не треба лесно да ги прифаќате туѓите совети, бидејќи понекогаш е доволно да ја слушнете интуицијата за да го направите вистинскиот чекор.
ДЕВИЦА
Девиците кои се во врска во ноември ќе се соочат со одредени емоционални проблеми. Ќе сакате да го правите само тоа што ве прави среќни. Понекогаш треба да ги слушнете потребите на партнерот и да бидете подготовени на компромиси. Вашата финансиска ситуција ќе влијае на вашиот личен живот, ширејќи незадоволство на сите полиња. Повеќе време треба да поминувате со саканата личност, семејството и пријателите.
ВАГА
Ноември ќе биде одлучувачки месец за многу Ваги. Ќе имате храброст да му кажете на партнерот што ви пречи, а тоа ќе ја отвори вратата кон решавање на проблемот на цивилизиран и ефикасен начин. Тоа е подготовка за сериозна дискусија за иднината на вашиот однос. Вагите конечно ќе мора да ги решат сите разлики. Истото се однесува и на оние кои не се во врска. Ноември генерално за овој знак ќе биде турбулентен, а за еден месец вашиот сексуален живот ќе се подобри. Осамените веројатно ќе останат сами се додека не запознаат личност која е идеална за нив.
ШКОРПИЈА
Ве очекува месец полн со љубов и емотивни моменти. Шкорпиите ки се во врска ќе почувствуваат желба повеќе да се зближат со партнерот. Ова е одличен момент заедно да тргнете на кратко и романтично патување. Ноември е дефинитивно месец на забава, добро расположение и активен сексуален живот. Шкорпиите кои се слободни најдобро е да се опуштат. Не мора се да биде совршено, па ни партнерот. Можеби ќе имате шанса да влезете во емоивна врска со личност која не ги исполнува вашите критериуми.
СТРЕЛЕЦ
Ве очекува месец исполнет со страст. Подготвени сте да направите се за партнерот, а тоа ќе го подобри вашиот сексуален живот и ќе ви пружи неверојатно задоволство. Многу е важно односот да го проширите со некои интересни интимни новитети кои дополнително ќе се зближат. Добри вести за оние кои се во брак: постои голема шанса за проширување на семејството. Осамените Стрелци ги очекува одлично љубовно расположение.
ЈАРЕЦ
Мирен месец ќе биде ноември за Јарецот. Чувствувате потреба и сакате да поминувате време со семејството, пријателите и партнерот. Ако сте во брак, ќе поминувате многу време со партнерот и децата што дополнително ќе ги зацврти односите меѓу вас. Оние кои се на пат кон брак ќе имаат сериозно кавга за иднината и следните чекори. Стравувате дека животот ќе ви стане рутина. Осамените може да запознаат интересна личност на патување со која може да развијат однос на сериозна врска.
ВОДОЛИЈА
Идниот месец ве очекува конфликт со партнерот. Не се откажувајте од своите ставови, но обидете се да го почитувате и мислењето на партнерот. Вакви разговори само ќе придонесат уште подобро да се запознаете и да го зацврстите односот. Кратка врска исполнета со многу страст ги очекува слободните Водолии.
РИБИ
Зафатените Риби ги очекува тежок месец поради конфликти со партнерот и членовите на семејството. Смирете се, размислете и обидете се да сфатите што правите погрешно и каде е проблемот. Многу е важно да разговарате за проблемите и да ги признаете своите грешки. Само така ќе успеете да ја вратите хармонијата во односите. Осамените Риби ќе имаат можност да го променат својот љубовен живот и за да го завршат периодот на осаменост.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.