Љубовен хороскоп за 14 февруари

Прочитајте што ве очекува на љубовен план на Денот на вљубените.
ОВЕН
За многумина романтичен ден, особено ако сакаат да бидат подалеку од очите на јавноста. Поволен ден и за оние кои се во недозволена врска, како и оние кои долго немаат партнер и се чувствуваат осамено. Очекувајте порака од некој кој подолго време не сте имале прилика да го сретнете.
БИК
Верувате дека можете да убедите некој кој ви е мошне драг да излезе на заедничка средба, но нешто ќе ве кочи да го направите тоа. Ќе очекувате повик и продолжување на некоја поранешна врска. Од друга страна, транзитот на Месецот преку знакот на Риби ќе ве направи желни за искрени емоции и дискретно друштво. Импулсивно ќе донесете некоја одлука.

БЛИЗНАЦИ
Не би требало премногу да се надевате кога е во прашање ветувањето на личноста која е многу присутна во јавноста или е посветена на своите амбиции и кариера. Денешниот ден би можел да биде прилично стресен за оние кои немаат јасен статус и врска, а тоа им е мошне важно. Обидете се да бидете во друштво на пријатели, зошто во спротивно ќе се чувствувате нерасположено.
РАК
Подготвени сте да и поверувате на една личност, најверојатно од знакот на Риби, но всушност со него флертувате, а ве интригира и повеќе сте заинтересирани за друга личност за која не знаете многу . Ако пак сте подолго време во врска или брак, ќе се обидете да прилагодите некои нови услови на заедничкиот живот иако не се многу по ваша волја.
ЛАВ
Нагласено астролошко поле на тајни љубови, денеска може да делува двојно. Оние кои од скоро се во врска, веројатно се фасцинирани од партнерот, барем во некој поглед, но можда ќе бидат и пречувствителни на одредени забелешки, што ќе ги сфатат како критика. Ако сте подолго време во врска, денеска ќе се сомневате во искреноста на партнерот.

ДЕВИЦА
Нагласеното астролошко поле на партнерските односи го прави вашиот партнер многу заинтересиран за вас, иако вие можеби во одредени часови ќе покажете и желба за осамеост. Тоа можеби ќе биде на некој начин и позирање, ќе ја тестирате партнеровата приврзаност на начин кој ќе го нервира. Не би требало премногу да се занимавате со некои случувања од минатото и на тоа да ги базирате сопствените симпатии.
ВАГА
Случајна средба или контакт со личност присутна во јавноста или од светот на бизникот ќе ви донесат некои нови надежи кога е во прашање љубовниот живот, особено ако сте слободни. Некоја личност што ја знаете одамна можеби ќе се обиде со вас да се смири или да воспостави комуникација која ќе ви овозможи да ги прејдете границите на пријателството. Во секој случај ќе бидете со спротивставени чиувства – на мигови расположени романтично, на мигови ќе го демантирате празникот.
ШКОРПИЈА
Обидете се на партнерот да му направете нешто што ќе го импресионира, преку кое ќе почувствува дека сте многу заљубени. Без оглед дали сте слободни или во пар, ви претстои пријатен провод или некоја многу романтична порака од личност која ви е многу драга.
СТРЕЛЕЦ
Верувате дека ќе успеете да го убедите партнерот во она што го сакате. Не би требало по секоја цена да инсистирате на нешто што нему не му одговара. Добро се снаоѓате во пријатно друштво со личност со која може да разговарате се, но сепак немојте на овој ден да раскажувате секому се за своите љубовни дилеми. Некому ќе му приредите изненадување.
 ЈАРЕЦ
Еден од подобрите денови, особено ако сте подготвени да поминете преку границите на нешто и да заборавите на многубројни разочарувања и навреди. Повеќето претставници на овој знак се наоѓаат во некоја врска која им овозможува доволно лична слобода. Ќе се шегувате на сметка на денот на вљубените и подароците, но од друга страна ќе ви биде пријатно ако партнерот нешто ви подари.

ВОДОЛИЈА
Верувате дека можете да освоите некој кој повремено го гледате на училиште или на работа, иако тој или таа не ви даваат доволно сигнали за да настапите поотворено. Ќе бидете наклонети кон претерани очекувања и ќе се чувствувате помалку осамено, но не заборавајте дека така се чувствува и иљадници други. Проблемот е што не ги гледате другите, туку само самите себе.
 РИБИ
Врски со уметници или спортисти за вас се вистински предизвик, исто како и врска со познати личности. Очекувајте позив за излегување од повеќе страни, и ако ви се јави некој кој е ваша тивка симпатија, веројатно ќе го прифатите позивот, дури и ако таа личност не е слободна и тоа не го крие. Можна романса со една личност која не крие дека му се допаѓате.
извор:kozmeticarka.mkПрочитајте што ве очекува на љубовен план на Денот на вљубените.
ОВЕН
За многумина р

Пронајдете не на следниве мрежи: