Љубовната врска на работа не се препорачува, но…

Љубовната врска со колега или колешка на работа главно не се препорачува, но многу луѓе своите животни партнери ги запознаваат токму на работното место.
Површните врски не смеат да ни ја упропастат кариерата, смееме да се впуштиме само во сериозни врски и да се однесуваме паметно, тврди британскиот автор Ричард Темплат во книгата „100 правила за работа: најдобриот рецепт за личен успех“.
Врските на работа главно не се препорачливи бидејќи можат да бидат извор на огорченост, стрес, љубомора, растревоженост, деконцентрација, фрустрација и да ни наштетат во работата и врз угледот. Можеби така нема да биде додека врската е убава, но проблемите настануваат кога врската ќе западне во криза или ќе заврши. Повторно, многу луѓе, вклучувајќи го и авторот на книгата, токму на работа ги запознаваат своите животни партнери, па затоа тешко е да се каже – никогаш не започнувај ништо љубовно со колега или колешка.


Темплар сепак советува дека не смееме да се впуштаме во површни врски и флерт со колегите, на работа смееме да си дозволиме само сериозна врска. Нормално, никој не може да биде сигурен дека врската ќе трае вечно, но доколку веднаш е јасно дека нема иднина, треба да се воздржиме.
Секогаш треба да се запрашаме: дали оваа личност ми е поважна од работата? Да морам да се откажам од едното, што би избрал? Авторот препорачувва дека доколку одговорот е работата, слободно да се впуштиме во врска. Со малку среќа, нема да мораме да се откажеме од ниедно.
Доколку веќе направите нешто со колега или колешка треба да се однесувате зрело и одговорно.

Тука се некои основни правила:
– Не разменувајте нежности пред другите.
– Без осамување, шепкање на уво и интерни шеги.
– На најблиските колеги и претпоставените кажете им за својата врска бидејќи и онака тие сами ќе забележат дека нешто се случува, а нема да знаат што.
– Однесувајте се како да не сте пар.
– Замолете некои задачи да му бидат доделени на друг во случај да постои судир на интереси (тоа е една од причините поради кои вашиот шеф мора да знае за вашата врска.) На пример, не можете еден друг објективно да се оцените, казните или испрашате.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.