Љубовна драма: Девојка истурила бензин во куќа на дечкото и предизвикала пожар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против 27-годишната С.А. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 01.01.2020 на ул.„Славеј Планина“, во куќата на Ц.Р., влегла пријавената – девојка на неговиот внук Д.К. и К.А.(27), по што започнале расправија со  Д.К., по што С.А. истурила бензин низ просторијата и предизвикала пожар.

ПОВЕЌЕ ЦРНА ХРОНИКА ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.