Љубовни совети кои ќе посакате да сте ги знаеле многу порано

Никогаш не се прашувајте дали сте доволно добри за нив. Прашувајте дали тие се доволно добри за вас.
Никогаш не трчајте по никого! Нема да имате потреба да трчате во вистинската личност.
Не се обидувајте да ги смените. Ако влезете во врската со идејата дека треба да ги поправите или промените, тогаш вие не сте заљубени во личноста, туку во идејата за нив.
Ако некому се допаѓате, верувајте дека ќе ви стават до знаење дека им се допаѓате. Тука нема сива зона, нема мистериозност. Ако има некакви искри – ќе ви го покажат тоа, ќе се потрудат. Ако не, тогаш тоа е знак дека треба да продолжите понатаму.


Не можете да влијаете на тоа како некој ќе се однесува, но можете да влијаете врз вашата реакција на нивното однесување.
Никогаш немојте да правите приоритет од човек кој ве смета само за нешто привремено.
Не им верувајте на луѓе кои зборуваат лошо за сите нивни бивши партнер(к)и. Утре истото ќе го зборуваат и за вас пред други луѓе.
Не ја барајте вашата „друга половина“. Вие не сте половина личност. Вие сте целосна и одлична личност.
Морате да бидете среќни самите со себе пред да бидете среќни со друга личност.
Бидете со луѓе кои можат да бидат среќни и без вас. Не можете вие да бидете изворот на нечија среќа и да носите товар дека цела нивна среќа зависи од вас. Вие треба само да бидете дополнителен извор на среќа, а истото важи и во обратната ситуација.
Секогаш кога се расправате со вашите сакани, запомнете дека не се работи за натпревар: јас против тебе, туку за натпревар во кој вие двајца стоите наспроти проблемот.
Љубовта не е чувство, љубовта е избор кој го правите секој ден

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.