Често, венчавките не се одвиваат според долго планираниот распоред, но бидејќи инфекцијата со корона вирусот продолжува упорно, една венчална церемонија во Сингапур се одржа без невеста и младоженец.
-Џозеп Јев и Канг Тинг од Сингапур се вратиле од Кина неколку дена пред венчавката. Кога гостите рекле дека се загрижени дека ќе се заразат ако дојдат на свадбата, двојката одлучила да им излезе во пресрет, пишува Би-Би-Си.
Во Сингапур се вратиле на 30-ти јануари, а венчавката била закажана за 2-ри јануари.
Меѓутоа, кога гостите дознале дека тие штотуку се вратиле од Кина, се загрижиле поради коронавирусот, а некои кажале дека нема да дојдат на забавата.
Така, одлучиле да не присуствуваат на церемонијата, за да не ги исплашат гостите. Невестата и младоженецот биле далеку од гостите, ама се вклучиле во живо на прославата на која присуствувале пријателите и семејството.
На гостите им се обратиле преку видео бим и одржале здравица, додека гостите биле во салата. Како што пренесува Би-Би-Си, Канг Тинг е од кинеската провинција Хунан, која се граничи со провинцијата Хубеи, во која дошло до појава на епидемија. Тие биле во Кина на 24 јануари, да ја поминат Лунарната Нова Година со нејзиното семејство.
На крајот, на свадбата дошле 110 од 190 поканети гости, а некои не присуствувале од различни причини.
Младенците биле сместени во соба во хотелот во кој се одржувала забавата.
Инаку, досега во Сингапур досега се забележани 33 случаи на зараза.