Љубовта е страшна: 12 чудни фобии кои никој не ги очекува од својот партнер

Романсата дефинитивно знае често да предизвикува анксиозност. Но, понекогаш и сосема вообичаена „љубовна“ ситуација кај некои личности може да биде причина за огромен и неочекуван страв. Започнувајќи од стравот да се биде сам, па сè до ужаснувањето од чоколади, следуваат најчудните фобии поврзани со љубовта.

Љубовта е страшна: 12 чудни фобии кои никој не ги очекува од својот партнер
  • И покрај тоа што фобијата од обврски е измислена, сепак се верува дека личностите кои се плашат да бидат во врска имаат аморафобија – страв од љубов.
  • Личностите со метрофобија имаат страв од поезија. Па, ако вашиот партнер ја има оваа фобија не очекувајте романтични и страстни стихови како изненадување за Денот за вљубените.
  • Кутија во форма на срце која е полна со чоколади може да биде повеќе застрашувачка отколку романтична за оние кои имаа ксоколатофобија- страв од чоколадо.
  • Еве една фобија која често се сретнува кај срамежливите луѓе. Еритрофобија или страв од црвенеење предизвикува огромна засраменост и повлекување во себе и поради тоа тие кои ја имаат ги избегнуваат своите симпатии.
  • Секој кој бил „жртва“ на лош бакнувач може одлично да ги разбере оние кои имаат филематофобија – страв од бакнување.
  • Испраќањето црвена честитка во форма на срце на некој кој има кардиофобија т.е. страв од срце, дефинитивно може да биде многу злобен избор за Денот на вљубените.
  • Што може да биде страшно во еден букет со цвеќиња? Оние кои имаат антрофобија или страв од цвеќиња, само една ружа може да им предизвика силни чувства на анксиозност – дури и ако нема трнови.
  • Личностите со хафефобија или афенфосмофобија мора се многу осамени, бидејќи поради нивните фобии тие не дозволуваат на никој да ја допре нивната кожа.
  • Главоболките кои се предизвикани од премногу силни, хемиски миризби и изгорениците од топол восок може многу добро да објаснат зашто некој страда од кериофобија – страв од свеќи.
  • Личностите кои имаат ануптафобија се чувствуваат анксиозно дури и при самата помисла дека би можеле да останат сами до крајот на нивниот живот.
  • / 12. Овие две фобии одат „рака под рака“. Орнитофобија, стравот од птици и апипфобија, стравот од пчели можат многу да ви отежнат ако сакате да го однесете вашиот партнер на пикник.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.