„Ако личноста е способна продуктивно да сака, таа се сака и самата себе. Ако ги сака само другите, тогаш тој човек воопшто не е способен да сака.
Дали е љубовта уметност? Тогаш бара знаење и труд.
Љубовта е единствениот задоволувачки одговор на проблемот на човековото постоење.
Љубовта е уметност: најважна работа на светот е добро да се научи оваа уметност.
Таа не е само примарен однос кон одредена личност; љубовта е став, ориентацијата на битието кон светот како целина, не само кон еден предмет на љубовта.
Љубовта кон беспомошниот, љубовта кон сиромашниот и непознатиот, тоа е почеток на братска љубов.
Незрелата љубов вели: Те сакам затоа што ми требаш.
Зрелата љубов вели: Ми требаш затоа што те сакам.
За повеќето луѓе денес, поимот љубов подразбира некој да ве сака, а не вие да бидете способни да сакате.“