Не е лесно да откриете дали се работи за вистинска љубов или само физичка страст. Понекогаш хемијата ја мешаме со емоциите и се наоѓаме пред вистински проблем.
За тоа да не го доживеете повторно, ви откриваме пет главни разлики помеѓу љубовта и страста.
Недостаток на теми
Ако вашиот разговор се сведе само на секс или договор за идниот состанок, размислете дали тоа е навистина нешто што го посакувате кога мислите долгорочно. Заедничките интереси и теми се дел од клучните работи врз кои се основа една врска, затоа никако немојте да ги занемарувате.
Различни ставови и погледи
Некои основни вредности се првиот тест за вашата компатибилност. Ако вашите ставови за религијата, начинот на живот, сексуалноста или семејните вредносте ви се потполно различни, размислете дали воопшто може да се замислите со таа личност во долга врска или брак.
Нетрпение
Се обидувате на сите начини да дознаете дали е „вистинскиот“ или не? Со тој чекор можете сами на себе да си докажете дека станува збор за страст и дека хемијата помеѓу вас почнала да се намалува, па се чувствувате како да треба да преземете нешто за чекор напред, а всушност сè што треба да направите е чекор назад и отворено да ја согледате ситуацијата.
Лоша комуникација
Непрестајно еден на друг си објаснувате што навистина сте мислеле и никако не може да пронајдете вистински јазик? Тоа, за жал, значи дека вашиот однос може да биде само сексуален, или дури ни таков.
Занемарување на другите луѓе
Нормално е дури и кога станува збор за вистинска заљубеност да поминете низ таа фаза, но накратко. Ако поради него ги занемарувате важните луѓе во вашиот живот, се запоставувате себеси и кариерата, размислете дали нему воопшто му е грижа за вас и вашиот живот надвор од спалната соба.