Легендарниот англиски фудбалер, Дејвид Бекам (48), во една прилика раскажал како ја запознал својата сопруга, Викторија (49), со која е во брак повеќе од 20 години.
Поранешниот ас открил дека ја запознал Викторија на натпревар на Манчестер Јунајтед и признал дека едвај собрал храброст да го побара нејзиниот телефонски број. На крајот, Викторија го оставила својот број на билетот од возот, кој Дејвид и денес го чувал.
„20 години… Неверојатно, во јули правиме 21 година заедно. Ја запознав… Дојде да го гледа натпреварот што го игравме во Лондон – знаев за „Spice Girls“, нормално, тие беа многу популарен бенд во тоа време. Јас, пак, од друга страна, само ја зацврстував својата позиција во Манчестер Јунајтед. Сите ги знаеја и обожаваа „Spice Girls“.
Тогаш, вусшност, првпат се сретнавме. Не успеав да зборувам со неа, но таа повторно дојде во Манчестер следната недела, на уште еден натпревар. Испивме неколку пијачки, па си помислив „Зошто да не“? Се обидов да го добијам нејзиниот телефонски број. Разговаравме околу 1 час. Таа дојде со воз и го остави свјот телефонски број на билетот од возот, кој сè уште го чувам. 20 години и 4 деца“, изјавил Бекам во емисијата “The Tonight Show”.
Дејвид бил прашан од страна на Џими Фалон дали Викторија била неговата „омилена спајсица“, а поранешниот репрезентативец на Англија, со насмевка на лицето веднаш одговорил: „Таа очигледно ми беше омилена, би ми било малку непријатно да не беше така“, кажал тој.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.