Љубомората им е главна карактеристика: Овие хороскопски знаци не се добри партнери

Иако мала доза љубомора во врските, па и во пријателствата е нормална, постојат и луѓе кои не можат да живеат поради завист и љубомора.
Астролозите сметаат дека голема улога во тоа игра хороскопот, а луѓето родени во следните три знаци на зодијакот важат за најљубоморни.
Шкорпија
Песимистичните Шкорпии не му веруваат никому, па тешко им е да одржат врска или пријателство, бидејќи секогаш однапред мислат што би можело да им се случи. Прилично се посесивни и не поднесуваат да бидат одвоени од личноста која ја сакаат, па обично стануваат агресивни и нападни, кога не им е сè под контрола.

Јарец
Јарците никогаш не се во целост задоволни од својот живот, па непрестајно размислуваат како би било ако биле некој друг и мислат дека на другите им е подобро отколку што им е ним. Тешко опстануваат во врските, бидејќи непрестајно размислуваат за тоа што би можело да се случи со нивната подобра половина и дали се доволно добри за нив.
Близнаци
Близнаците со својата интензивна љубомора ги искажуваат своите несигурности кои не се малку на број. Близнаците не се идеални личности за долга врска, бидејќи воглавно се многу негативни и параноични, па никој не може долго да ги трпи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.