Љубчо Георгиевски доследен на себе, повика да се гласа ЗА на референдумот

Љубчо Георгиевски доследен на себе, повика да се гласа ЗА на референдумот во писмо на кое се потпишани уште неколкумина кои за себе милуваат да кажат дека се основачи на ВМРО-ДПМНЕ. Се разбира голем дел не се но единствениот прерогатив во политичката кариера би им бил да се претстават како основачи на партијата. Нивна работа. Познавачите знаат како стојат работите со основањето на ВМРО…
Не е чудно за Љубчо. Тој е во коалиција со Заев. Не е чудно нити за Љубе. И тој е во коалиција со Заев. Во таа труба дуваат. Во оваа пригода/неприлика само ќе потсетиме на неодамнешното негово интервју за еден германски весник каде што тврдеше дека наскоро Македонија ќе се подели… Па на овој начин само останува доследен на своите идеали за погребање на Македонија. На здравје Љубчо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.