ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ се изнервира: СТОЈМЕНОВ БЕШЕ КАНДИДАТ на партијата на Југословените

Очигледно неделното интервју на Борис Стојменов во емисијата на Васко Ефтов „ВО ЦЕНТАР“ создаде потенцијал за полемика. Па токму затоа Љубчо се определи да му реплицира на Стојменов преку Фејсбук. Подолу статусот во целост:

Во врска со интервјуто на Борис Стојменов:

-Интервјуто треба да се анализира преку очите на еден докажан соработник на Удба. Во време на лустрацијата прво го објавија неговото име па го повлекоа. А легендарно беше неговото снимено од камери влегување во Архивот. Па после неколку часови да излезе преку прозорец од задната страна на зградата. И фројдофска му е изјавата: Сите во раководството на Вмро беа соработници на службите!!!

Љубчо реагираше на емисијата на Стојменов:

-Тешка државна диверзија е дека Милошевич дал согласност за декларацијата за самостојност.
ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: СТОЈМЕНОВ БЕШЕ КАНДИДАТ на партијата на Југословените

– На првите избори бил кандидат на партијата на Југословените.

– Стојменов припагаше на бугарофилското крило и со тоа се гордееше, постојано беше во нивно друштво. Прв пат сега го слушам дека се одрекува од родениот чичко Алекса Стојменов десна рака на Ванчо Михаилов. Тоа му беше влез во Вмро и постојно ја истакнуваше таа врска. По вракањето од Флорида македонци со кои се сретнал испратија писмо во Вечер дека ги убедувал за во општата историја со Бугарија. Најверојатано како агент првокатор.

-Тешка државна диверзија е дека Милошевич дал согласност за декларацијата за самостојност.

Стојменов го предводеше и финансираше ударот за пад на владата на Вмро два месеци пред нападот на УЧК. Тоа беше обид за државен удар. Парите на купените пратеници лично им ги давал тој.

– Во фирмата на Стојменов бевме вработени неколку луге од раководството, но парите ги даваа други фирми.

– Стојменов никогаш не донел никакви пари во кеш во партијата, ниту пред изборите ниту како министер.

– Стојменов имаше монопол заедно со Бишев во преговорите за приватизација на Стопанска Банка. И примањето на мито за најмалку милион евра е чисто. Постои документ за трансфер на парите на сметка на неговиот син Емил.

– Стојменов беше активен во притисокот Змејковски да се смени зошто ја срами партијата. Во судирот пред изборите беше на страна на Димовска.

– Стојменов беше сменет затоа што си направи неколку крупни бизниси за себе. Но и затоа што ММФ и Светска банка отворено ме притискаа дека со него не можата да се разберат и дека е антиреформатор. На пример го кочеше ДДВ-то.

-И да не должам со деманти зошто 80 проценти се измислици од типот ми бил возач кога сум одел кај мултигруп или тој победил за кандидат за претседател!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.