Љупчо Андоновски награден: Успешна македонска приказна во Италија

На 25 Април, денот на ослободувањето на Италија, во Дучевата палата во Венеција се доделуваа награди и признанија за посебен придонес во општественото, културолошкото и политичкото делување на поединци кои даваат огромен продонес во креирањето на хуманизам и одговорности во Италијанското општество.

Во таа прилика Љупчо Андоновски во Ецелаза венециска и метрополиска како прв Македонец ја стекна убавата титула за почесен граѓанин на градот Венеција. Исто така Андоновски Љупчо во 2022 година беше назначен за Витез на Италија, титула доделена од претседателот на Италија, Матарела и од премиерот Марио. На 25 Април оваа година Љупчо ја потврди својата успешна приказна и се стекна со престижната награда Сан Марко.

Тоа е потврда дека Македонската култура и приказна успешно се преставуваат насекаде во светот.

Личниот успех на Љупчо Андоновски е колективен Македонски успех како држава и е мотив и инспирација дека со хумани, политички и морални постигување на посветени личности може да се промовираат Македонските национални интреси.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.