Активистот и претседател на движењето „Трета“, Љупчо Палевски се бори за живот на приватна клиника во Скопје по брутален физички напад кој се случил вчера.
На Фејсбук се појави слика од претепаниот Љупчо Палевски – Палчо од непознати лица пред неговата куќа. Палевски има неколку хематомина главата, скршена рака и неколку повреди по телото, велат извори од болницата.
Лекарскиот тим ја следи состојбата и се консултиураат, за да утврдат дали има потреба од оперативни зафати.
„На 17.09.2020 година околу 17,15 часот пријавено е дека на улица Златко Шнајдер од страна на две лица кои биле со моторцикл со употреба на метален предмет бил нападнат Љ. П. Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.
Првичната претпоставка е дека нападот е политички мотивиран.
Од МВР го потврдуваат случајот, а детали од истрагата се очекуваат денес.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.