Љутков: Гостивар заслужува внимание и поддршка од ресорните институции

Министерството за култура: Денес министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со заменик-министерот Седат Сулејмани, го посетија Гостивар, каде што разгледаа најзначајните културни институции и објекти. По нивното пристигнување, директорите на локалните културни установи ги информираа за тековните активности, проектите поддржани од Министерството, и предизвиците со кои се соочуваат. Љутков истакна дека е неопходна поддршка за одржување на културниот живот во градот и решавање на проблемите.
Посетата започна во Центарот за култура АСНОМ, каде директорот Фарије Адили ги презентираше тековните и идни планови. Потоа, тие се сретнаа со директорите на Театар Гостивар и Галерија Гостивар, кои ги изложија своите проекти и пречки. Љутков и Сулејмани ја посетија и НУ Конзерваторски центар, каде ги информираше директорот Цветко Новаковски за проектите насочени кон заштита на културното наследство.
Посебно беше потенцирана важноста на историските објекти како Старата џамија во Равен. Оваа година ќе се инвестираат 1.500.000 денари за санација на дрвените делови во ентериерот, фасадата на минарето и партерното уредување на дворот. Љутков ја посети и црквата Св. Димитрија, како и Беговата куќа, куќата на Ахмет Чако, Саат кулата и Старото Медресе. Црквата Св. Димитрија, изградена во 1840 година, ќе добие 2.124.000 денари за втората фаза од реставрацијата.
Министерот истакна дека богатството на Гостивар го прави привлечна туристичка дестинација и дека Министерството ќе продолжи да ги поддржува проекти кои промовираат и зачувуваат културните вредности низ Македонија. Денешната посета на Гостивар ја покажува нашата заложба за зачувување на културното наследство. Културата е клучна не само за нашата историја, туку и за иднината, а со поддршка од националните институции, се стремиме да го зачуваме и промовираме културното наследство како основа за туристичкиот развој. Гостивар, со своето богато наследство, од Старата џамија до Беговата куќа, има многу да понуди, и нашата мисија е да продолжиме со проектите кои ќе ги заштитат и промовираат овие драгоцени вредности, правејќи ја Македонија атрактивна дестинација за сите што сакаат да ја откријат нашата богата традиција.
The post Љутков: Гостивар заслужува внимание и поддршка од ресорните институции appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: