По 17 часа кaчување, спуштање, болка, страв, замор, но со железна волја Љуљета успеа. На највисокиот словенечки врв Триглав, за прв пат се искачи жена со инвалидитет. И токму таа жена, која успеа да се искачи на 2864 метри, е од Македонија. Станува збор за Љуљета Адеми, која преку статус на социјалните мрежи го потврди овој успех.