Денеска ви претставуваме рецепт за њоки во бел сос кој со сигурност ќе го обожувате.
Потребни состојки:
- 1 чаша њоки
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици сечкан лук
- ½ чаша павлака за готвење
- микс зачини, црн бибер и сол
- кашкавал по желба
Начин на подготовка:
Во тенџере на оган ставете вода и оставете да зоврие, а потоа додајте сол и ставете ги њоките да се варат. Кога ќе испливаат на површината (по 2-3 минути) извадете ги и оставете ги на страна.
Во тава на оган ставете масло и оставете да се загрее, па додајте го лукот да се пржи. Потоа, додајте ги и сварените њоки и зачините, па пржете уште 2 минути. На крајот додајте ја павлаката за готвење и ренданиот кашкавал, па пржете уште 2 минути со мешање.
На крајот послужете со свежо исечкан власец.