Ќелава 31-годишна стјуардеса ги поместува стандардите за убавина

Рима се соочува со алопеција, го прифатила болниот факт дека косата нема да ѝ порасне повторно и самоуверено без перика оди на работа.
Рима Тхејсен (37) е атрактивна стјуардеса во црвена униформа, но се издвојува од другите по едно нешто – таа нема коса.
Таа ја има најекстремната форма на алопеција (alopecia universalis) и нема коса не само на главата, туку и на рацете, нозете и интимата.
Откако се соочила со оваа ситуација, сосема ја избричила главата, си ставила вештачки трепки и на претпоставените им рекла дека планира така да оди на работа. Нејзината компанија Virgin Atlantic го прифатила тоа и Рима поставува нови стандарди за убавина.


Открива дека луѓето постојано ја прашуваат дали минува низ третман на хемотерапија, но откако ќе им каже со што се соочува тие ѝ велат дека не знаеле дека постои такво нешто, па неа ѝ е мило што ја поткрева јавната свест за алопецијата.
„Не среќавате многу ќелави жени. Ова е ретка состојба. Кога се качувам на лет си помислувам – повторно само јас сум ќелава, но не сакам да носам перики. Имам неколку, но ми пречат и ги носам само кога со сопругот имам некоја специјална ноќ за состанок“, открива Рима.
Таа додава дека некои од луѓето дури мислат дека е нејзин моден избор да се избричи ќелава затоа што им изгледала многу самоуверено.
Косата почнала да ѝ паѓа во бременоста и не престанала, па одлучила да ја избричи сосема наместо да го гледа тој мачен процес. Докторите ѝ рекле дека косата нема да ѝ порасне повторно.
Запознајте ја инспиративната стјуардеса:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.