Ќерката на албанскиот министер загина во Македонија: „Ова е најтешката порака што сум ја напишал“

Ева Таво (24), ќерката на поранешниот министер за здравство на Албанија, Вангело Таво, загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера во Македонија.

Ева загинала кога возилото во кое била сопатничка излетало од патот.

Трагичната врска ја потврди Таво на социјалните мрежи.

Кривичен го отфрли предлогот за мерки за претпазливост за Васко Ковачевски
Судија на претходна постапка при Основниот Кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлогот за определување мерки за претпазливост против В.К. од 11 декември 2024 година за истрагата за предметот од Обвинителството …
Илон Маск повеќе не изгледа исто: Милијардерот објави фотографија од својот нов имиџ, а мрежите гореа: „Имаш доволно пари за да…” (фото)
Илон Маск ја завршува годината со остварување личните цели. Милијардерот сподели фотографија на која го покажува својот импресивен напредок во слабеењето додека внесува доза празничен дух со тоа што се облекува како Дедо …

„Ова се најтешките зборови што ги напишав во животот. Мојата најстара ќерка Ева почина во цутот на младоста, во најубавите години, токму таква каква што беше. Погребот ќе се одржи во четврток на 30 ноември во 11 часот во Јоргукат“, напиша поранешниот министер.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи на Македонија, несреќата се случила во близина на селото Ласкарци, на патот Тетово-Скопје.

„На 28 ноември околу 14,00 часот било пријавено дека на автопатот Мајка Тереза, на потегот Тетово – Скопје, возило „ауди“ со албански регистарски ознаки, управувано од државјанин на Албанија, В.М.(40), излетало од пат. Во возилото била Е.Т.(24), државјанка на Албанија, која од повредите починала на лице место. Лекарите констатирале смрт. Со тешки телесни повреди се здобила В.М.“, се вели во полициското соопштение.

Засега не е утврдено како и зошто возилото се превртело.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.