Ќерката на Брус Вилис, Талула Вилис, на социјалните мрежи сподели неколку фотографии на кои позира со својот татко.„Многу го сакам овој човек и иако чувствата се тешки во ова време, благодарна сум што ги доживувам“, напиша таа во описот на објавата.Актерот ретко се појавуваше во јавноста откако му беше дијагностицирана афазија, јазично нарушување, во 2022 година, а потоа напредуваше во фронтотемпорална деменција. View this post on Instagram A post shared by tallulah willis (@buuski)Талула неодамна изјави дека Брус „се чувствува на ист начин, што е добро во неговата ситуација“.„Нашите посети имаат толку многу љубов и мислам дека тоа надминува сè“, додаде таа.Рекла и дека тоа што „можат да имаат врска“ со Брус го одржува целото семејство среќно.„Знам дека тој знае колку го сакам, знае колку ме сака мене и знае колку не сака сите нас“, рече таа.Иако состојбата на Брус беше тешка за целото семејство, Талула вели дека тоа „создаде можност за повеќе љубов меѓу нив“. View this post on Instagram A post shared by tallulah willis (@buuski)Од што страда Брус Вилис?Фронтотемпоралната деменција е редок вид на деменција што предизвикува проблеми со однесувањето и говорот. Првите забележливи симптоми се промени во личноста и однесувањето и тешкотии во говорот. Овој тип на деменција се однесува на фронталниот и темпоралниот лобус на мозокот, каде што се јавува оштетување поради болест.Не е познато што го предизвикува, но често има генетска компонента. View this post on Instagram A post shared by tallulah willis (@buuski)
Пронајдете не на следниве мрежи: