Најстарата ќерка на сопственикот на Пинк, Жељко Митровиќ, Сандра Митровиќ (29), своевремено работеше на телевизија како водителка на една емисија.
Малкумина тогаш знаеја дека во прашање е ќерката на медиумскиот маг Жељко Митровиќ од првиот брак со пејачката Соња Митровиќ Хана.
Сепак, Сандра за кратко време се посвети на своето образование и се повлече од јавноста. Таа пред неколку месеци дипломираше на универзитетот Колумбија во Њујорк, каде ги заврши студиите по филмска продукција.
Таа денес многу ретко се појавува во јавноста, но затоа е активна на социјалните мрежи. Неодамна објави фотографија на која позира во кратки панталони, а во преден план се нејзините совршено обликувани нозе и стегнатиот стомак.
Нејзините фотографии откриваат дека редовно вежба и има тело со какво мал број на жени би можеле да се пофалат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.