Ќерката на раперот Ерик Б загина во фатална сообраќајна несреќа

Ерика Суприм Бариера (28), ќерката на американскиот рапер Ерик Б, загина во сообраќајна несреќа во понеделникот вечерта.
Според извештајот на полицијата, автомобилот во кој била запрел на средината на коловозот и на него налетал камион кој не успеал да ја намали брзината и да запре.
Во неделата утрото таа се движела по средната лента на коловозот во Конектикат и поради непознати причини ја намалила брзината, а во нејзиното возило удрил камион. Возачот на камионот не бил повреден во судирот, а Ерика претрпела сериозни повреди на кои им подлегнала по пристигнувањето во болницата.
Оваа вест ја потврди познатиот рапер Ерик, кој се збогува од својата ќерка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.