Ќерката на сопственикот на „Зара“ се омажи во венчаница од „Валентино“

Mарта Ортега (34), ќерката на сопственикот на уличниот бренд „Зара“, Амансио Ортега, викендов се омажи за своето долгогодишно момче, Карлос Торета (35).
Иако, многумина претпоставуваа дека за овој свечен настан ќе одбере нешто ексклузивно од брендот што го поседува нејзиниот татко, Марта сепак се одлучи довербата за венчаницата да ѝ ја даде на модната куќа „Валентино“.


Венчаницата има ретро нота. Горниот дел е со „пуфнасти“ ракави, висок околувратник и плисирани делови. Половината е нагласена со ремен кој се врзува во панделка, додека здолништето е право и од парчиња. Марта се одлучила и за долг вел, лежерно пуштена коса и цветни во предниот дел со кои се поврзува велот.


Церемонијата на која присуствувале околу 400 гости се одржава во Шпанија, во семејната куќа на семејството Торета.


Инаку, Карлос е син на познатиот шпански дизајнер Роберто Торета.
Со оглед на тоа дека таткото на Марта е шестиот најбогат човек на светот, многумина очекуваа далеку погламурозна свадба, но девојката се одлучи да остане доследна на својот досегашен скромен имиџ на живот

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.