Ќерката на Џеки Чен се ожени со 12 години постара девојка

Ета Нг Чок Лам (19), ќерката на легендарниот актер Џеки Чен (64), се ожени за својата девојка Ани Аутумн (31), со која е во врска од 2017-та година.
Веста дека се во брак ја објавија преку социјалните мрежи.
-Сите некогаш сме биле повредени, но доколку можете да сонувате за љубов, тогаш можете и да ја најдете. Љубовта е љубезна, не осудува, љубовта е снага и слабост. Љубовта прави промени. Љубовта победува, напиша Ета и објави фотографија.


Ета и Ени се венчале во Канада, а живеат во Хонг Конг. Инаку, Ета е единствена ќерка на Џеки Чен која прославениот актер ја доби со поранешната мисица Елаин НГ Ји, со која имал кратка афера.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.