Јозеф Фрицл е човек за кого е малку да се каже дека е монструм, подобро е да се каже дека е олицетворение на злото.
-Отсекогаш знаев дека она што го правам не е во ред. Знаев дека морам да бидам луд да ги правам тие работи. Па сепак, со време ми стана нормално да го живеам тој друг живот во подрумот на својата куќа, кажа тој за ова страшно злосторство.
Фрицл е човекот кој 24 години во подрумот на својата куќа во австрискиот град Амштетен ја држеше ќерката Елизабета. Ја затворил во 1984 година, кога имала 18 години, а додека ја држел во подземниот бункер кој самиот го изградил и до кој на неговата сопруга пристапот и бил строго забранет, ја злоставувал и тепал, а ја силувал околу 3.000 пати.
Несреќната девојка на својот татко му родила седум деца. Од тие седум деца едното починало три дена по породувањето, а три од нив се појавиле во крошна на вратата куќата на семејството Фрицл. Во крошната имало пораки дека тоа се деца на Елизабета, а нејзината мајка верувала дека таа избегала и се придружила на некој култ.
-Верував во тие пораки. Во нив пишуваше дека таа за децата не сака да се грижи, кажала Росмари Фрицл.