Ќерка го тужела татко си оти ѝ удрил шлаканица и изгубила

Маж е прогласен за невин од суд на грчкиот остров Родос откако неговата ќерка тинејџерка го тужела затоа што ѝ удрил шлаканица, објави весникот „Родиаки“.
Тужбата против таткото била поднесена поради „телесна повреда на послабо лице“. Според изворот, меѓу таткото и ќерката имало расправија што завршила со шлаканица врз ќерката.
Судот вчера ги прифатил објаснувањата на одбраната која истакнала дека ударот бил во рамки на воспитно дејствување дозволено со закон.
Судскиот состав потоа го поништил обвинението против таткото и го прогласил за невин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.