Ќерка на британска милионерка пронајдена мртва во базен во Мајорка (ВИДЕО)

Ќерката на британската милионерка Рејчел Клечер, Џози (18) е пронајдена мртва во базен крај вила на Мајорка по ноќ мината со пријатели. Телото на девојката е најдено во вторникот наутро, а лекарите само констатирале смрт. Истрагата околу причините е во тек, објави вчера британски “Телеграф“.
Џози била на одмор со семејството и пријатели. Таа е една од трите ќерки на Рејчел Клечер и ученичка во училиштето “Мортон Хол“ во Шропшир. Нејзината мајка е еден од основачите на водечката британска телефонска служба “Манипени“, вредна над 100 милиони фунти.
Клечер и нејзиниот брат Ед Ривс ја отвориле компанијата во 2000-та година. Денес таа има 700 вработени и остварува над 13 милиони повици годишно за околу 13.000 фирми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK